Што со уметноста на Балканот по конфликтот?

4. januara 2011. | Kultura |

Потребата од нова естетика

„mi smo ljudi cigani sudbinom prokleti
uvijek netko oko nas dodje pa nam prijeti“
– Branimir “Johnny” Štulić, „Balkan“

Прашлив пат кој поминува покрај ниви и се протега до недоглед: нивите се богати со сочни патлиџани, големи сончогледи, или крупни класови жито. Сонце кое е искачено високо на небото и пече силно и непрестано небаре сјае над богови, а не смртници. Се слуша жубор на поточе во далечина, или се наѕирнуваат брановите на некое езерце или море како рамномерно удираат во брегот. Одеднаш, на идилата ѝ се спротивставува некое ненадејно насилство: убиство, силување, самоубиство, а понекогаш и комбинација од трите. Повторно, денот е задушен во крв, впрочем,
во склад со славните потфати на предците кои „храбро загинале борејќи се за нашата слобода“!

Ова, се разбира, е сетингот на секој поуспешен балкански филм. Балканската литература, пак, се сведува на тажаленки: тоа е т.н. естетика на „мајко, копај ми гроб“. Сетингот е селски, назад во славното минато, јунаците беспрекорни во својата храброст и некрофилските литании за смртта, црната земја и вечниот мрак. Ако можеме да речеме дека воопшто некоја литература во XXI век му останала толку посветена на Танатос, тоа би била токму балканската. Ваквата слика ја потврдува романтичната етимологија на поимот „Балкан“ за која зборува Марија Тодорова и според која самиот географски назив е спој на турските зборови за мед („бал“) и за крв („кан“).

Б а л к а н о т секогаш е она непознато место недопрено од човечка рака (затоа што заедниците кои живеат таму се уште не се способни да влијаат врз п р и р о д а т а ) ; место каде што можете да бидете убиени на поминување, како да сте на К а у б о ј с к и о т З а п а д . Интересно е за
размислување к а к о г е о г р а ф с к а т а о д р е д н и ц а „ Б а л к а н “ постепено премина во културолошка ознака од која отпадна развиената
Грција, а во која останаа земјите од Југославија (минус Словенија, која се смета за централно-европска земја), Албанија, Бугарија и  Романија. Логичниот заклучок од ова е дека она што го сочинува духот на Балканот се постојаниот конфликт, сиромаштијата, насилството, корумпираноста, но во исто време и големото гостопримство и надареноста за песна и танц. Слично како во случајот со Циганите, или како во односот кон Другиот.
Ваквата карактеризација на Балканот го одразува неговото воспиемање како егзотика: нешто непознато и неистражено. Конечно, нешто далеку
од вистината.

Сепак, во епоха на глобална комуникација и меѓусебна зависност, возможно ли е кој и да е регион во модерната Европа навистина да
остане толку див и нескротен? Дали Белград нема подземна канализација? Дали Далмација нема едно од најурбанизираните и туристички
најпривлечни крајбрежја? Дали Скопје нема опера? Се чини дека на балканските уметници им е полесно да ја продаваат сликата за себе која Другите ја очекуваат, отколку да ја отсликаат својата реалност и своето време.

Во 1979 еден македонски режисер, Столе Попов, го сними документарниот филм за прославата на празникот Ѓурѓовден меѓу ромската популација во Македонија. Мотивот го прифати босанско-српскиот режисер Емир Костурица  и произведе бран филмови кои ја експлоатираат таа слика, на која пак, подоцна, се надоврзаа и други занаетчии. Одеднаш, сликата за Циганинот и сликата за Балканецот престанаа да бидат толку различни: според стереотипизацијата, двајцата ја делат мрзливоста, недисциплината, итрината, дарбата за танц и песна, екстровертноста, избувливоста, итн. Со придобивањето на дел од богатата семиологија на мотивот на Циганинот, кој е многу постар и веќе претставува своевидна архетипска категорија, идентитетот на Балканецот се конструира како бинарна опозиција на сето она што го носи предзнакот „европско“ и се поставува во постојана спрега со урбаното.

Користејќи ја оваа ситуација, уметниците пресметуваат дека ќе имаат поголем пробив на пазарот ако ја задржат руралната естетика и ако во своето дело му покажат на Западниот Свет „нешто различно“. Во балканската уметност нема тектонски поместувања, нема големи експерименти, го нема „луксузот“ на ослободената креативност. Се чини дека дури и денешната уметност која се создава, особено филмската, ги следи истите формули од порано и игра на картата на егзотиката и национал – романтизмот (само што по расадот на Југославија, секоја земја од регионот овие ознаки ги смета исклучиво за свои). Една прошетка низ Музејот за Современа Уметност во Загреб го потврдува истиот впечаток: уметноста е свртена кон траумите од минатото, кон воените конфликти, кон критиката на Титовата федерација, кон болката.

Приказни на малтретирани жени за време на војните, масакрирани цивили, нови начини на измачување и слични ѕверотии редовно им се нудат, им се продаваат, всушност, на дојденците. Но, само прашање е кога Западниот Свет ќе се презасити од ваквата естетика и ќе сака да погледне нешто поразлично. Опасноста во тој случај се состои во следново: избезумени, уметниците инстинктивно ќе почнат да инсистираат на урбани сетинзи, урбани ликови, соработка со странски партнери, но самата срж – приказната – ќе остане иста. Повторно се ќе се врти околу некое вознемирувачко насилство и повторно ќе станува збор за внатрешен конфликт на ликот кој е условен од минатото. На ниво на драматургија, тука нема ништо погрешно, напротив, ситуацијата е одлична за градење сложени фабули. Но, проблемот се јавува кога ќе се активира потребата од универзална апликативност на темата. Со пренагласената свртеност кон историјата и сопственото културно наследство, како и желбата сета таа граѓа да биде претставена како уникатна и многу поразлична од сето друго творештво, балканската уметност ризикува да се претвори во излог-уметност. Публиката ќе ја восприемаа како искусувањена нешто различно и непознато, преку неа ќе ја согледува реактуелизацијата на  познатите приказни од историјата на регионот, но таа нема да комуницира со неа на некое подлабоко рамниште. За да го избегне овој залез, балканската уметност мора да се ослободи од чувството за колективна одговорност и да се сврти кон индивидуалното: и она на авторот, но уште поважно, индивидуалното на епохата. Оваа промена треба да се случи за нас самите, не за Другите. За и ние да оставиме трага.

Ana Jakimska

Ostavite odgovor

Vaša adresa e-pošte neće biti objavljena. Neophodna polja su označena *